Ѕвездата на ЛА Лејкерси, Леброн Џејмс најави дека следната сезона ќе го промени бројот на дресот.
Леброн повеќе нема да го носи дресот со број 23 со кој настапуваше и во Кливленд, туку ќе се врати на „6-ката“. Со овој број Леброн играше во дресот на Мајами, тим со кој освои две шампионски титули.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се најавуваше дека Ентони Дејвис сака да ја зема „23-ката“, но тоа нема да се случи и следната сезона тој ќе игра со дресот со број три.
Коментари