Дома Фудбал Англија Лампард: Туре е меѓу петте најтешки противници со кој сум се сретнал

Лампард: Туре е меѓу петте најтешки противници со кој сум се сретнал

Поранешниот фудбалер на Челси, Френк Лампард за ББС зборуваше за најтешките противници кој ги имал во средината на теренот.

Нормално, повод беше вчерашниот прошталнен настан пред домашната публика на Етихад, а Лампард токму него го стави во петте најтешки играчи од средниот ред со кои се сретнал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јаја Туре е меѓу петте најтешки играчи од средниот ред против кој сум играл. Стивен Џерард е најдобриот, поради неговата константност, но и Јаја е исто така во врвот на листата заедно со Виеира, Рој Кин и Пол Сколс.“

Да потсетиме, Туре синоќа се опрости од Етихад и ќе го напушти Сити после полни осум години и три титули првак на Англија. Тој сигурно важи за еден од најдобрите играчи кои во изминатиот период играле во ПЛ.

Кога е во прашање Лампард, тој поголемиот дел од кариерата ја помина во Челси. За сините играше од 2001. до 2014 година и за тоа време забележа преку 400 настапи и 147 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Комедија на Африканскиот Куп на Нации: Се интонираше една химна, а режисерот ја покажа другата репрезетација

Автентичната магија на Африканскиот куп на нации беше доловена во еден видеоклип кој брзо …