Дома Фудбал Англија Лампард повеќе не е тренер на Евертон

Лампард повеќе не е тренер на Евертон


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Френк Лампард повеќе не е тренер на Евертон.

„Карамелите“ го отпуштиле Лампард по новиот пораз во Премиер лигата минатиот викенд против Вест Хем.

Евертон игра очајно оваа сезона. Клубот од Ливерпул моментално е претпоследен во лигата со само 15 освоени бода од 20 натпревари и го чека жестока борба за опстанок.

Во последните десет натпревари Лампард не знае за победа. Евертон беше поразен во сите четири натпревари во 2023 година.

Последниот триумф во првенството „карамелите“ под водство на Лампард го забележаа на 22 октомври, кога на „Гудисон“ беше совладан Кристал Палас со 3:0.

Лампард помина речиси една година во Евертон, откако го презеде тимот на последниот ден од јануари 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преговорите меѓу Маунт и Челзи во ќорсокак

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Преговорите помеѓу Ч…