Челзи игра сезона за заборав, а вчерашниот пораз од Арсенал беше шестиот во низа што е премногу за клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Лампард не може да победи на ниту еден натпревар од кога се врати на кормилото. Со потрошение 600 милиони евра Челзи не само што е далеку од битката за место во Европа, туку е само на девет бода од опасната зона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од проблемите според Лампард е што тимот нема самодоверба и тоа се забележува на тренинзите.
„Челзи во последните 20 години имаше многу успеси, меѓутоа сега е во една ваква позиција. Од кога сум тука на тренинзите се гледа причината зошто сме тука каде што сме. Ако бидеме мил, фин тим како во првото полувреме со Арсенал не е важно кој е на другата страна. Тоа нема да се промени преку ноќ, меѓутоа мораме да промениме нешто што е можно побрзо.
Фудбалерите во овој момент немаат самодоверба, а ако сте играч на Челзи морате да играте на одреден начин. Единствената работа која може да не извлече од оваа ситуација се разбирањето и работата“, изјави Лампард.