Репрезентацијата на Македонија вчера приреди големо изненадување и славеше со светскиот шампион Данска.
Лазаров после фантастичното деби и пред вториот натпревар против Данска на гости во недела порача дека видео-анализата му изгледала и подобро од она што го видел на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утрово имавме видео-анализа и мене ми изгледаше многу подобро од она што го видов на теренот, можат да се увидат детали и уште еднаш сакам да им честитам на сите во репрезентацијата. Не чека нов натпревар и сакаме да се посветиме уште повеќе, ќе се обидеме во наредниот месец да создадеме квалитетна база од 20-25 играчи“.
Лазаров порача и дека полесно му е да биде селектор-играч отколку само селектор.
„Потешко би ми било да бидам само селектор, тешко ми е да гледам од надвор, а да не можам да помогнам на теренот. Кога сум на терен можам сам да донесам одлука и да влијаам на резултатот. Можеби улогата малку ме исцрпува затоа што треба и физички да се спремаш и да размислуваш за тактиката, како нашата така и на противникот. Меѓутоа јас влегов со многу ентузијазам во оваа работа и сакам ова да го работам“, изјави Лазаров.
Фото: РФМ