Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Нема што да загубиме против Норвешка

Лазаров: Нема што да загубиме против Норвешка


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Македонската репрезентација денес го игра првиот натпревар на Светското првенство против Норвешка.

Норвешка е голем фаворит за висок пласман, па селекторот Лазаров истакна дека нема што да загубиме.

„Подготвени сме за целото Светско првенство, ќе играме против репрезентација за која не треба многу да се зборува. Норвешка во 2017 и 2019 играше финале на Светското првенство и си заминаа незадоволни затоа што не освоија злато. Секако дека ќе атакуваат на златото и тука. Ние немаме штои да загубиме, можеме само да добиеме, нема да се штедиме, ќе тргнеме да играме и ќе видиме до каде можеме“.

„Оваа генерација досега направи многу и затоа момците заслужуваат поддршка. Поминавме големи репрезентации и ги минавме сите тие скептици кои не веруваа дека Македонија може да ја продолжи традицијата да биде на големите натпреварувања. Без разлика што ќе се случи денеска ние ќе продолжиме по нашиот пат. Имаме седум дебитанти на ова СП и треба да бидеме внимателни, меѓутоа имаме и голема самодоверба“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Јани Атанасов имаше одлично деби за Краковија 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Репрезентативецот на Македонија Јани Атанасо…