Селекторот Кирил Лазаров денес ги собра репрезентативците на кои ќе смета за претсојниот двомеч со Португалија, а по објавувањето на составот изненадување беше затоа што во составот ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.
Денес селекторот Лазаров порача дека во репрезентацијата се оние што сакаат да играат и предност ќе добијат помладите, таква била неговата одлука по завршеното Светско првенство.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„По завршувањето на СП одлучив шанса да добијат помладите како Цветан Кузманоски кој покажа дека е голем талент и може да игра на високо ниво. Тука е и Петар Атанасијевиќ кој покажа дека има потенцијал и на него може да се смета.
Во овој ростер дефинитивно имаме квалитет, се надевам на позитивен резултат. Вратата за Манасков е отворена, во оваа репрезнетација треба да сакаше да играш. За никого не е затвоарена вратата и одлуката не е конечна“, изјави Лазаров.
Поради приватни причини за Португлаија, Лазаров нема да смета и на Филип Талески кој беше на списокот.