Дома Македонски спорт Лазаров: Вчера ги пофалив момците, а денес ќе им укажам на грешките

Лазаров: Вчера ги пофалив момците, а денес ќе им укажам на грешките

Впечатоците од првиот натпревар на Македонија на Европското првенство против Словенија се позитивни. Македонија беше поразена, но одигра добар натпревар против селекција која е долго време заедно и е составена од ракометари кои играат во најдобрите европски клубови.

Денес селекторот Лазаров даде една кратка анализа на вчерашниот дуел.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Намерно не го гледав натпреварот вчера. Владее задоволство и позитивна атмосфера, но има многу работи што се договоривме да ги спроведеме и не ги исполнивме. Вчера сакав да ги пофалам, но веќе денес ќе им укажам на грешките. Ќе имаме видео анализа и состанок на кој ќе разговараме за тоа што се случуваше. Ние сме една млада екипа и како што поминува времето овие момци треба да стана побеници. Малку ме загрижува што паднавме на договорени работи“.

„Сепак, ми се допаѓа впечатокот, но не смее тоа да не успие. Мора да бидеме уште подобри, не треба да се оптеретуваме со противниците, ние треба да бидеме сконцентрирани на самите нас. Од нас зависи дали во иднина ќе имаме добри резултати. Сите во Европа работат квалитетно, па затоа нема да имаме лесни противнции“, изјави Лазаров.

Натпреварот против Црна Гора Македонија ќе го игра утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…