Дома Трансфер зона Кјаер: Мојот сон е да останам во Милан

Кјаер: Мојот сон е да останам во Милан

Симон Кјаер пристигна на „Сан Сиро“ во последните денови од зимскиот преоден рок на шестмесечна позајмица од Севиља.

Данскиот дефанзивец е задоволен од пестојот во Милан и вели дека негов сон е да остане на „Сан Сиро“.

„Мојот сон е да останам во Милан, па кога ќе дојде време ќе зборуваме за тоа со клубот. Треба да постигнам што е можно повеќе за да го убедам клубот да направи избор и да ме задржи. Јас секој ден работам на физичка и ментална припрема за да останам во Милан, иако првенството е во застој“, истакна Кјаер.

„Тренерот Пиоли веднаш ми даде доверба. Тој знае како најдобро да ме користи на теренот и задоволен сум од досегашниот престој. Се надевам дека ќе останам“, додаде Данецот.

Милан има опција да го откупи неговиот договор за 2,5 милиони евра, па најверојатно ќе го направи тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Марсело го напушта Реал Мадрид во јануари

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело го известил раководството дека сака да го напушти клубот…