Дома Фудбал Куман призна: Не е исто без Меси, противниците повеќе не се плашат!

Куман призна: Не е исто без Меси, противниците повеќе не се плашат!

Барселона синоќа одигра реми (1:1) против Атлетик Билбао, а тренерот Куман после мечот призна дека Барса не е ист тим без Меси.

Куман истакна дека се чуствува отсуството на Меси и дека противниците повеќе не се плашат од Барселона.

„Вистина е дека ни недостига Меси во екипата. Тој е најдобриот фудбалер во светот. Меси никогаш не ја губеше топката, се чувствува во моментов дека не е тука, но тоа веќе не може да се промени и се помиривме со тоа. Си го искомплициравме натпреварот со лошиот старт, немавме мирна игра. Противниците се плашеа од нас со Меси во тимот, тоа повеќе не е така“, истакна Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус со пресврт во Вого: Коло Муани ја реши Селта во судиското продолжение

Селта водеше по голот на Уго Алварез, но Јувентус се врати преку Волтемаде и во 91. минута…