Дома Македонски спорт Мак фудбал Кудуз одигра меч за паметење, добар Вардар во Германија, но не доволно за победа

Кудуз одигра меч за паметење, добар Вардар во Германија, но не доволно за победа

Продолжи црната серија на Вардар во Лигата на шампионите и после денешното гостување против Кил.

Мечот во Кил започна изедначено се играше гол за гол се до моментот кога беше 5:5. Тогаш Кил влезе во серија и се одлепи на +4. (9:5). Набрзо Кил имаше и водство од пет гола разлика (11:6). По таа предност на домаќините следуваше серија Вардар кој успеа да дојде и до ново изедначување (13:13). Немаа сили вардарци за пресврт па на полувреме Кил замина со два гола водство (18:16).

Почетните минути во второто полувреме можеби беше и периодот кога се реши натпреварот. Набрзина домашните ракометари стигнаа до највисоки на натпреварот плус 7. Тогаш изгледаше дека се е загувено. Вардар не се откажа се врати и до два гола негатива (31:29) со тој резултат се влезе во последната минута ипол.

Следуваше промашување на Кил, Вардар имаше зицер но промаши Чувара, па тука беше јасно дека Кил ќе дојде до победата. На крајот конечниот резултат гласеше 32:30. Фантастична вечер кај Вардар имаше Анте Кудуз со 9/9, Жереми Тото постигна пет гола од шест обиди. На спротивната страна Сагосен беше најефикасен со осум гола.

Со овој пораз Вардар останува на шестата позиција со пет освоени бодови и во наредното коло го чека важен натпревар со ППД Загреб кој има само бод помалку на местото подоле. Мешков Брест е последен со три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тен Хаг: Потребни ни се нови играчи, на полувремето сакав да го заменам цел тим

Maнчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Брентфорд. Избраницит…