Дома Македонски спорт Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево

Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево

Македонскиот напаѓач, Крсте Велкоски денеска стави потпис на нов договор со босански Сараево.

Велкоски во Сараево прв пат пристигна во 2014. година, а за враќање се одлучи во јули 2017. година. Брзо ги освои симпатиите на навивачите и набрзо ја доби капитенската лента.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Новиот договор ќе важи до 2021. година.

„Мило ми е што успеав да се договорам со Сараево и што за овој клуб ќе настапувам и наредниот период. Се надевам дека ќе ги оствариме нашите цели.“ – изјави Велкоски.

Сараево има пет бода повеќе Зрински, а Велкоски се надева дека на првото место ќе останат и по крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …