Нико Вилијамс долго време се поврзуваше со Барселона, но на крајот и во новата сезона ќе го гледаме во Атлетик Билбао.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посебно внимание Вилијамс привлече по одличното Европско првенство, Барселона најмногу се поврзуваше со неговото име, но и ПСЖ беше во игра. Во неговиот договор има клазула од 58 милиони евра и тоа не е проблем за гигантите, па така одлуката беше само негова.
Преку видео на социјалните мрежи Вилијамс потврди дека е среќен во Атлетик.
„Се вратив и едвај го чекам почетокот на новата сезона. Напред Атлетик“, зборува Вилијамс во видеото.
Сега Барселона веројатно ќе се фокусира на неговиот соиграч од репрезентацијата Дани Олмо.