Дома Фудбал Англија Крај на сагата: Де Геа останува во Јунајтед и добива „богатство“

Крај на сагата: Де Геа останува во Јунајтед и добива „богатство“

0

Иднината на Давид де Геа во последно време е главна тема во англиските медиуми поради фактот што шпанскиот голман влегува во послдната година од договорот.

Се шпекулираше дека Де Геа ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната како слободен агент и дека во јануари ќе започне преговори со Јувентус.

Сепак, најновоте информации кои ги пласираат медиумите на Островот тврдат дека Де Геа се договорил со челниците на клубот и ќе птопише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Според новиот договор шпанскиот голман ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе биде назначен за капитен на „црвените ѓаволи“.

Де Геа во Јунајтед дојде во 2011 година, и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Според новиот договор Де Геа ќе стане најплатен фудбалер на тимот и ќе заработува исто колку Пол Погба.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ројс среде интервју влезе во расправија со новинар: Доста ми е од твоите глупости! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд испушти победа против Ајнтрахт во Франкфурт, а тимот кој го предводеше М…