Дома Фудбал Англија Кратко траеше врската Арсенал- Лаказет: „Раскинување“ на лето?!

Кратко траеше врската Арсенал- Лаказет: „Раскинување“ на лето?!

Францускиот интернационалец, Александер Лаказет на лето ќе замине од екипата на Арсенал, споредпрогнозите на Емануел Пети, некогашната икона на „Топчиите“.

Лаказет пристигна од редовите на Лион за 52 милиони фунти, но постигна само еден погодок во 12 одиграни натпревари, а дополнително неговото место во тимот се чини ќе зависи и од најновото засилување на тимот, Пјер Емерик Обамејанг.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Пети оттаму смета дека Венгер веќе ја загубил довербата во својот сонародник.

Лаказет има огромен товар сега. Или ќе биде подобар или на лето ќе се раздели со Арсенал, а пристигнувањето на Обамејанг се чини дека е веќе доцна за се“, се вели во интервјуто на Пети за „Сан“.

Според него, веќе против Тотенхем, Обамејанг ќе го запише своето деби за „Топчиите“, додека Лаказет ќе се најде на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трагедија во Бразил: Во сообраќајна несреќа загина 25-годишен фудбалер

Тажна вест пристигнува од Бразил, медиумите во оваа земја пренесуваат дека починал Адриано…