Дома Фудбал Останато Кој е подобар Меси или Роналдо? – Одговараат играчите кои играа со двајцата!

Кој е подобар Меси или Роналдо? – Одговараат играчите кои играа со двајцата!

Најголема дилема на љубителите на фудбалот во денешно време, секако е кој е подобар – Роналдо или Меси?

Двајцата во својата кариера стигнаа до пет златни топки, освоија многу титули и срушија многу рекорди. Сепак, прашањето кој е подобар секогаш ќе предизвикува голем дијалог.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на Барселона секако ќе тврдат дека Меси е подобар и обратно. Но што кажуваат фудбалерите кои имаа прилика да играат со двајцата?

Доколку не знаевте деветмина фудбалери имаа прилика во својата кариера да играат и со Роналдо и Меси. Поголем број од нив својот глас го дадоа за Меси, а само еден од нив остана воздржан.

„Меси секогаш ќе биде подобар, тој најдобар на светот секоја сезона. Кристиано Роналдо е посебен играч, но Меси е од друга планета. Не постојат зборови со кои можете да ја опишете неговата игра, секогаш ве изненадува“, изјави Анхел Ди Марија кој со Роналдо играше во Реал, а со Меси во селекцијата на Аргентина.

„Кристиано мораше жестоко да работи и да тренира да стане најдобар, додека кај Меси се дојде приордно. Тоа е најголемата разлика помеѓу нив двајца. Меси игра некој друг спорт, за него да се постигнат три погодоци на еден натпревар е сосема нормално поради тоа за нијанса е пред Роналдо“, изјави Карлос Тевез. Аргентинецот со Роналдо играше во Манчестер Јунајтед, а во репрезентацијата со Меси.

„Не сакам да ги споредувам поради почит. Никогаш нема да одоговарам на тоа прашање. Португалец сум и добар пријател со Роналдо, а исто така и со Меси со кој играм во Барселона“, одговори Андре Гомеш.

„За мене Меси изгледа како да не е човек и дека е некој вонземјанец. Роналдо е најдобар играч помеѓу луѓето, Меси не е од овој свет“, кратко објасни Пике кој со Роналдо имаше прилика да игра во Јунајтед.

„Кога луѓето ќе ме прашаат кој е најдобар играч секогаш кажувам дека тоа е Меси. Кога го видов прв пат во репрезентацијата на Аргентина ме воодушеви. Тој е играч кој не познава граници“, изјави Езекиел Гарај кој со Роналдо заедно беше во Реал, додека со Меси во Аргентина.

„Кристиано нема среќа бидејќи игра во исто време со Меси. Роналдо е навистина одличен фудбалер, но Меси е многу подобар. Тој не е од овој свет, толку е добар што дури е и неверојатно. Работите кој тој ги прави на теренот, не може да ги направи никој друг“, изјави Хенрик Ларсон кој играше со Меси во Барса, а со Роналдо во Манчестер Јунајтед.

„Роналдо е неверојатно дисциплиниран од самиот почеток и знае која е неговата цел. Тој е како машина која мора да постигне гол и нема да се смири додека тоа не го направи. Кога во прашање е Меси тука немам што да кажам. Жал ми е што морам да повторам, но тој не е од оваа планета. Исто така како личност е одличен човек, мирен и повлечен. Секој мора да му се восхитува“, изјави Габриел Хајнце.

„За мене Роналдо не е број еден. Најдобар на светот секогаш ќе биде Лионел Меси. Со Меси бев заедно во репрезентацијата и секогаш ме оставаше без зборови. Уживам да го гледам“, изјави Гаго.

„Кристиано сака да се натпреварува и сака да биде најдобар. Меси секогаш работи посветено во Барселона и тоа на крајот му се исплатеше. Сепак за мене Роналдо е подобар. Кога и да е топката во негови нозе прави некоја магија“, изјави Португалецот Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…