Дома Фудбал Италија Конте: Не очекува тешка работа, Јувентус и Наполи и натаму се подобри од Интер

Конте: Не очекува тешка работа, Јувентус и Наполи и натаму се подобри од Интер

0

Интер во последното коло од Серија А на свој терен играше против Јувентус и запиша пораз со 2:1.

Со тоа, Нероаѕурите го запишаа првиот пораз оваа сезона и веднаш го напуштија првото место на табелата, кое го држеа од почетокот на сезоната.

Антонио Конте ова лето го презема Интер и започна одлично, но смета дека Интер и Милан и натаму мора да работат за да го стигнат нивото на Јувентус и Наполи.

„Мора да бидеме објективни и да ја гледаме реалноста. Го кажав своето мислење на почетокот, во споредба со нас постојат две екипи, Јувентус на врвот, а потоа и Наполи, кои ги градеа тимовите многу години.“

„Оваа празнина постои, но го започнавме своето патување низ работа и сериозност да напредуваме и да станеме конкурентни.“

„Од оваа гледна точка, мора да бидеме храбри и со јасна визија. Знам само за една работа во Интер, а тоа е работа, тешка работа, да се обидеме да станеме херои.“

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фото: Гомез заврши со гребнатини по лицито после судирот со Стерлинг

На тренингот на англиската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Црна Гора…