Винсент Компани минатиот викенд, поточно во неделата го подигна 10-тиот трофеј какот капитен на Манчестер Сити.
Компани го замени Лапорт и доби прилика да го подигне трофејот во Лига купот до кој Манчестер Сити стигна после изведувањето на пенали во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој натпревар го обележи реакцијата на голманот на Челзи, Кепа кој одби да излезе од игра пред изведувањето на пеналите. Маурицио Сари тогаш буквално полуде, но Кепа остана на теренот иако покрај аут линијата се спремаше Вили Кабаљеро.
Live scenes of Chelsea goal keeper Kepa Arrizabalaga and Sarri. Man wants to finish the match?.#CHEMCI pic.twitter.com/vojAennPdc
— Chemical Boy ✌️ (@Chemicalboyy) February 24, 2019
Компани често пати имаше проблеми со повредите, но овој пат беше спремен да му помогне на Сити во одбраната на титулата.
„Добивме награда за големата борба која ја покажавме. Последните неколку недели не играв многу поради повреда, но секогаш сум спремен да и помогнам на екипата и сум среќен што освоив уште еден трофеј“, изјави Компани, а потоа проговори за ситуацијата со Кепа.
„Знам колку Кабаљеро е добар во бранењето пенали, па така ми е мило што не влезе на терен. Супер е тоа што Кепа одби да излезе. Вакво нешто немав видено претходно. Би сакал и сам да направам такво нешто секогаш кога тренерот ќе одлучи да ме замени“, порача Кепа.
После натпреварот и Кепа и Сари порачуваа дека станува збор за недоразбирање, но во нивните такви објаснувања спортската јавност не верува премногу.