Дома Фудбал Англија Компани може да го наследи Конте во Тотенхем

Компани може да го наследи Конте во Тотенхем

Готово е сигурно дека Антонио Конте на лето ќе си замине од Тотенхем, па веќе започна потрагата по нов тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте постојано ги одложуваше преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот.

Фаворит за негов наследник е Маурисио Покетино, кој во минатото бележеше одлични резултати со Тотенхем.

Меѓутоа, Покетино може да прифати понуда од друг клуб, па како алтернатива „спарси“ го одредиле Винсент Компани.

Поранешниот капитен на Манчестер Сити со голем успех го води Барнли, кој е лидер во Чемпионшип и сигурно ќе се пласира во Премиер лигата.

36-годишниот Белгиец покажа дека има квалитет како тренер, а Тотенхем сигурно би бил голем чекор напред за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Летна бомба од Босфор: Фил Фоден за 70.000.000 евра!?

Галатасарај започна контакти со Манчестер сити во врска со можен трансфер на англискиот ре…