На натпреварот помеѓу Хјустон и Лос Анџелес Клиперс изминатата вечер се случи една сцена каква што до сега не сме виделе.
Тоа беше и натпревар помеѓу татко и син. Дресот на Хјустон го носи Остин Риверс, додека легендарниот Док е тренер на Клиперси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Док на овој натпревар на клупата не беше до крајот. Поради жестоки протести беше исклучен во финишот од натпреварот, а на паркетот се одвиваше една навистина комична сцена. Додека постариот Риверс протсетираше кај судијата, Остин стоеше на неколку метри од него и бараше од судијата да му покаже техничка и така да го исклучи неговиот татко. На крајот тоа и се случи.
„Го видов тоа. И требаше така да реагира“, изјави Док после натпреварот.
Остин исто така се огласи во медиумите.
„Го сакам, но уживав во тој момент. Навистина уживав и беше забавно“.