Дома Фудбал Репрезентации Колку голови треба да постигнува Халанд во следните 16 години за да го стигне Роналдо?

Колку голови треба да постигнува Халанд во следните 16 години за да го стигне Роналдо?

Кристијано Роналдо дефинитивно е еден од најголемите фудбалери кои некогаш светот ги видел, а вчера го постигна својот 700. клупски гол во кариерата.

Португалецот стигна до импресивна бројка против Евертон кога со својот гол му донесе водство на Манчестер Јунајтед, а подоцна се покажа дека е победа од 2:1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се започна уште во Лисабон, кога во дресот на Спортинг го постигна првиот од своите пет гола за „зелено-белите“ во сезоната 2002/2003. Набрзо следеше трансфер во Манчестер Јунајтед каде моментално има 144, додека во Јувентус постигна 101. Секако најмногу постигна во Реал Мадрид каде освои многу од трофеи и стигна до бројката од 450 голови.

Каков успех постигна момчето од Мадеира говори и податокот дека моментално фудбалерот кој го воодушевува светот, Ерлинг Халанд, во следните 16 години мора да постигнува во просек по 43 гола по сезона за да се изедначи Моменталниот рекорд на Роналдо. И, се плашиме дека Кристијано нема да застане на оваа бројка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…