Сите голмани против кои Меси постигнал гол како играч на Барселона ќе добијат барем по едно шише пиво од компанијата „Buweiser“.
Меси против Ваљадолид го сруши рекордот на славниот Бразилец по постигнати голови за еден клуб. Трет на оваа листа е Герд Милер кој во дресот на Баерн постигна 570 голови. Меси за Барселона во 749 натпревари додаде и 283 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спонзорот на Меси „Budweiser“ на интересен начин го обележа овој голем успех на капитенот на Барселона.
Сите голмани против кои Меси постигна гол играјќи за Барселона ќе добијат толку шишиња на пиво колку што Аргентинецот им дал голови. Најмногу ќе добие Икер Касиљас, дури 17 шишиња.
Фотографии на социјалните мрежи со шишињата пиво веќе објавија: Облак, Буфон, Аризабалга...Бројот на шишето означува кој по ред бил голот на Меси за Барселона.
🍻 Each goalkeeper that Messi has scored against is receiving a personalized bottle from Budweiser to celebrate Messi’s historical record of 644 goals at a single club. The bottles are each customized, leading up to the monuments tally. pic.twitter.com/oXj9VyYE3O
— MessiTeam (@Lionel10Team) December 24, 2020