Дома Македонски спорт Кога Панчев влезе како Македонец и ги „реши“ Грците среде Атина! (ВИДЕО)

Кога Панчев влезе како Македонец и ги „реши“ Грците среде Атина! (ВИДЕО)

Многумина од вас сигурно ја знаат приказната за Дарко Панчев, а ние сега во недостаток на спорт ќе ве потсетиме на истата. Воедно ова е прилика за некој што не ја знае да слушне како Панчев беше херој за Ѕвездата среде Атина.

Тоа беше натпревар од европскиот куп на шампиони (денешна Лига на шампиони), Панчев со Црвена Звезда гостуваше во Атина кај Панатинаикос.

Панчев на граница не сакал да потпише никаков документ и порачал дека ќе влезе како Македонец или воопшто нема да влезе. На крајот Грците морале да попуштат бидејќи во натпревар од УЕФА не смеаа да прават никакви скандали.

Како што раскажува Панчев во едно свое гостување од поодамна во емисијата „Еден на Еден“ кога стигнале таму требало тој и уште неколу играчи требало да дадат изјави за новинарите, меѓутоа Панчев не сакал да зборува со нив затоа што тој за нив не постои. Тоа секако ги заболело.

„Шлагот на тортата“ дојде на натпреварот. Звезда победи со 0:2, а двоен стрелец беше погодувате – ДАРКО ПАНЧЕВ! На сето тоа вториот гол беше вистинско ремек-дело.

„2:0 за Црвена Звезда! Ова не е видено, на Олимпискиот стадион во Атина сигурно не! Каков потег на велемајсторот Дарко Панчев. Сите телевизии во светот ќе го прикажуваат ова“…извикуваше српскиот коментатор.

Можеме само да замислиме како им било на грчките новинари кога требало да напишат дека човекот кој не го признаваат ги „реши“ среде Атина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ново засилување на Вардар ќе биде хрватски среден бек?

Во Вардар се крои тимот за наредната сезона, а изгледа најновото име би требало да биде Хр…