Дома Трансфер зона Клоп потврди: Ливерпул нема да ги продава ѕвездите!

Клоп потврди: Ливерпул нема да ги продава ѕвездите!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека раководството на Ливерпул нема намера да продаде ниту еден играч во јануарскиот преоден рок.

Една од причините за отварање на оваа тема се шпекулациите за иднината на Даниел Стариџ, кој оваа сезона е во втор план кај Јирген Клоп.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Смешно е што вие измислувате стории, а потоа ме прашувате мене за коментар. Немаме намера да продадеме никој од првиот тим. Во моментов Даниел не може да тренира и тоа ме загрижува повеќе отколку шпекулациите. Но јас сум подготвен за прашањата кои ме чекаат во јануари. Ќе биде весело“, изјави харизматичниот тренер.

Клоп притоа откри дека Адам Лалана и Роберто Фирмињо почнале да тренираат со остатокот од тимот, но сеуште не е јасно кога ќе се вратат на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …