Дома Македонски спорт Мак баскет КК Работнички бара намалување на казните, или ќе биде принуден да игра пред празни трибини

КК Работнички бара намалување на казните, или ќе биде принуден да игра пред празни трибини

0

Македонскиот кошаркарски првак, Работнички, испрати соопштение до медиумите во кое побара промена на Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), бидејќи во спротивно постои закана Македонија да остане без врвен спорт.

Казните кои ги пропишува законот се ригорозни и надвор од условите во кои функционираат нашите клубови.

„КК Работнички АД Скопје сакаме да ја информира спортската јавност во државата за драматичните моменти со кои се соочува и заканите да се наруши егзистенцијата не само на професионалците од првиот тим туку и на големиот број таленти кои ги имаме во нашите редови и тоа пред се поради мегаломанските казни кои редовно ги добиваме од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Знаејќи колку е тешко да се обезбедат средства за секоја тековна сезона за развој на сите школи вклучувајќи го и потикот за развојот на младинските школи наместо тоа мораме поголем дел од буџетот на клубот да го користиме за плаќање на казните кои ги имаме речиси по секој одигран натпревар во нашето домашно првенство. Казните се мегаломански неприфатливи за било кој клуб кој е дел од македонското првенство и тоа – 8.000 евра за секој меч на кој се случува барем нешто што не му се допаѓа на МВР и тоа 5.000 евра за клубот и уште 3.000 евра за одговорното лице. Поради засегнатата ситуација ние размислуваме во иднина натпреварите да ги играме без публика, за да видат луѓето од МВР како е тажно врвен спортски натпревар да се одигра пред празни трибини само поради овие казни. Сепак спортот се игра за публиката но ќе сме приморани да го скратиме задоволството и на таа мала публика која присутвува на натпреварите. Ова се случува без разлика дали играме гостински или домашен терен, доволно е на трибините да има барем еден навивач со нашите обележја. Очигледно на одговорните воопшто не им е важно дали сме ги презеле сите законски мерки за организација на натпреварот, дали сме ги поднеле потребните пријави и ангажирале доволен број професионални редари. Наместо државата, институциите за спорт и развој на младинците итн, да го штити и да го помага врвниот спорт, тие пишуваат огромни казни кои се голем товар за сите македонски кошаркарски клубови. Ова е проблем на сите клубови кои се дел од кошаркарското првенство кои плаќаат високи казни, додека салите се празни. Заеднички заклучок ни е дека Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), на кој се повикува МВР, е максимално ригиден и ригорозен, со превисоки казни и работи кои не се применливи кај нас. Поради овој Закон, кој е препишан од некои дијаметрално поразлични средини од нашата, клубовите повеќе пари даваат на неверојатно високите парични санкции, отколку на своите спортисти, што треба и е приоритет на секој спортски колектив во светот. Ние бараме државата сериозно да го разгледа овој проблем, кој се заканува да ја остави Македонија без врвен спорт. Бараме промена на ЗСНСТ, негово прилагодување на македонските услови и пред сѐ казнениот систем да биде прилагоден на нашиот стандард, да се намалат казните“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Од Стојаково до Кина со Рено 4: Поминаа 11.000 километри и го развеаа македонското знаме на кинескиот ѕид! (ФОТО)

Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг…