Дома Останати Тенис Кирјос: Грен Слем титула? Попрво би отишол на пиво

Кирјос: Грен Слем титула? Попрво би отишол на пиво

Aвстралискиот тенисер Ник Кирјос одново е во центарот на вниманието благодарение на неговите изјави.

Кирјос неодамна во разговор со пријателот Елиот Лонеј откри дека пијан играл против Рафаел Надал (повеќе за ова тука), а сега тврди дека повеќе сака да оди на пиво отколку да освои Грен Слем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека моето тело не може да издржи седум натпревари на Грен Слем. Потенцијално би играл три или четири часа во секој натпревар. Ако би можел попрво би отишол на пиво после мечот. Само сакам да се опуштам, спортот го сфаќате премногу сериозно“, изјави Кирјос.

Исто така порача дека за него нема смисла еден тенисер да има тренер.

„Да се земе тренер нема смисла јас не би сакал да губам време и пари. Мислам дека тоа не е потребно. Во овој момент сум сам во кариерата и имам свое хоби и искрено не сакам да слушам што некој друг ми зборува“, додаде Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…