Aвстралискиот тенисер со грчки корени Ник Кирјос често пати е во медиумите и тоа многу пати не е поради неговите тениски квалитети.
Никој не може да го оспори тоа дека Кирјос има квалитет, меѓутоа на насловните страни најчесто се наоѓа поради неговата контроверзност. Овој пат откри дека пијан играл против Рафаел Надал! За тоа зборуваше со американскиот комичар Елиот Лонеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Излегов ноќта пред мечот и се забавував. Пред влегувањето на терен знаев дека морам добро да играм и да бидам агресивен ако сакам нешто да направам против Рафа“, Лонеј тогаш дофрли дека и тој бил на таа забава.
„Не само што доминираше против еден од најдобрите тенисери во светот, туку претходно со нас пиеше цела ноќ. Не знам како успеа да играш на тоа ниво во таква состојба“, додаде Лонеј.
Мечот за кој се зборува е четвртфиналето на Синсинати кога Кирјос го победи Надал со 6:2 и 7:5 пред три години. Освен на тој меч Кирјос го победи Надал уште на Вимблдон (2014) и Акапулко (2019), додека Надал беше подобар на Вимблдон (2019), Рим (2016), Мадрид и Пекинг (2017) и Австралија Опен оваа година.