Дома Фудбал Лига на шампиони Кин донесе три бода за ПСЖ во Турција, Челзи сигурен со Краснодар ?

Кин донесе три бода за ПСЖ во Турција, Челзи сигурен со Краснодар ?

Како и вообичаено во терминот од 18:55 часот денес се одиграа две средби од Лигата на шампионите.

Tимот на Челзи беше сигурен на гости против Краснодар и славеше победа од 0:3, а ПСЖ исто така како гости ја оправда фаворитската улога против Башакшехир.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од самиот старт Челзи ја наметна својата игра, а во 14. минута Жоргињо промаши пенал. До водство Челзи стигна во 37. минута преку Калум Хадсон-Одои. Во вториот дел Вернер беше поуспешен за разлика од Жоргињо и реализираше најстрога казна. Зијеш зголеми на 0:3, а за „покер“ се погрижи Пулишиќ.

На ПСЖ тешко му одеше против Башакшехир во Турција и во првото полувреме гледавме тврд фудбал без многу шанси. Нејмар мораше да го напушти натпреварот во 25. минута поради повреда. Победата за гостите од Париз ја обезбеди Моис Кин со двата гола во второто полувреме. За ПСЖ ова се први бодови во Лигата на шампионите откако во минатото коло беа поразени од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…