Италијанските медиуми пренесуваат дека кинескиот клуб Шангај Шенхуа е силно зиантересиран за ѕвездата на Рома, Стефан Ел Шарави.
„Скај Италија“ пренесува дека кинескиот клуб на Ел Шарави му нуди 36 милиони евра за тригодишен договор, па сега се чека одговор на крилниот напаѓач.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шангај Шенхуа првично беше заинтересиран за Иван Перишиќ, но откако фудбалерот на Интер ги одби, се насочија кон Ел Шарави.
Доколку ја прифати понудата Италијанецот во следните три години во Кина ќе добива 12 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Ел Шарави има уште една година од договорот со Рома и „волчицата“ за неговата слобода бара 20 милиони евра.