Дома Фудбал Останато Кинезот кој брзо го напушти Милан обвини еден човек: Тој е виновен што се сруши нашиот проект

Кинезот кој брзо го напушти Милан обвини еден човек: Тој е виновен што се сруши нашиот проект

Поранешниот сопственик на Милан Јонгхонг Ли го обвини претседателот на Милан Паоло Скарони во интервју кое го даде за американскиот „Форбс“.

Ли беше сопственик на Милан во сезоната 2017/2018 додека Скарони беше член на извршниот одор. Многу брзо Ли поради финаниски проблеми го напушти клубот, а сега го истакна своето незадоволство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Господинот Скарони беше убедлив, оставаше впечаток на личност која ги познава сите во Италија, посебно во Милано. Му верувавме, беше член на извршниот одбор, а сега е претседател. Не изигра сите. Баш како и ние, верувам дека фондот „Елиот“ е свесен дека Скарони ги користи информациите од клубот во своја корист. Сигурен сум дека тој е голем виновник за рушењето на нашиот проект“, изјави Ли.

Инаку, Ли беше многу оспоруван во јавноста и се поврзуваше со многу контроверзии од кога се појавија проблемите во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…