Дома Фудбал Кике Санчез Флорес: Меси е еден од ретките кои ме натерал да седнам и да го гледам, Роналдо е во топ 10

Кике Санчез Флорес: Меси е еден од ретките кои ме натерал да седнам и да го гледам, Роналдо е во топ 10

Тренерот на големиот градски ривал на Барселона, Еспањол испрати навистина големи пофалби до најдобриот фудбалер на Каталонците, Лионел Меси.

Кике Санчез Флорес на денешната конференција за медиуми со суперлативи зборуваше за фантастичниот Аргентинец.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Постојат само неколку спортисти кои ме натерале да седнам на кревет и да ги гледам, а Меси е еден од нив. Седев и ги гледав само Меси, Роналдо (Бразилецот), Мајкл Џордан и Марадона, тоа се поинакви спортсти, навистина се неверојатни“, зборуваше Флорес.

Секако, следуваше прашање за Кристиано Роналдо.

„Не сум тука да зборувам за фудбалерите. Кристиано Роналдо е во топ 10, еден од најдобрите, но тој денес не е тема, па не сакам да зборувам за тоа. Роналдо е во топ 10 и тоа е тоа“, заврши тренерот на Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…