Дома Фудбал Останато Катарските милиони го искушуваат Арсен Венгер

Катарските милиони го искушуваат Арсен Венгер

Еминентниот „Франс Фудбал“ пренесува дека Арсен Венгер наскоро би можел да му се врати на фудбалот и тоа во Катар.

Легендарниот Французин, доби понуда од домаќинот на Светското првенство да го презеде кормилото на тамошната репрезентација, но не е единствен кандидат за тоа столче.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поранешниот стратег на Арсенал секако е главен кандидат за тоа место кое ќе има посебна тежина бидејќи оваа арапска држава е домаќин на следното СП кое се оддржува во 2022 година.

69-годишниот Французин засега не се огласува, но е јасно дека пребогатиот Катар може да го исполни секое негово барање, кога се финансиите во прашање. Венгер минатото лето после 22 години го напушти Арсенал, но потврди дека нема да оди во пензија и набрзо ќе му се врати на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…