Дома Трансфер зона Кариерата на Јаја Туре не е завршена, откриено од кој клуб има понуда

Кариерата на Јаја Туре не е завршена, откриено од кој клуб има понуда

Јаја Туре своевремено важеше за еден од најдобрите играчи во светот и долги години беше важен играч на Манчестер Сити.

Влезе во поодминати фудбалски години, а потоа неговата кариера започна да оди во надолна линија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Го изгуби местото во првиот тим на Сити, а минатото лето остана без клуб. Успеа да пронајде ангажман во Олимпијакос каде што играше во сезоната 2005/2006, но грчкиот тим одлучи да ја раскине соработката.

Многу тогаш заклучија дека го допрел дното, но сега 35 годишниот Туре потврди дека е блиску до нов ангажман и тоа во еден од најголемите клубови на Островот. Сепак, не од Англија туку од Шкотска.

Наводно, Брендан Роџерс сака да го види Туре во својот тим, па Селтик испратил понуда за искусниот играч кој веќе овој месец би можел да го облече зелено-белиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…