Дома Актуелно Карагер: Тажно е да се види низ што поминува Касемиро

Карагер: Тажно е да се види низ што поминува Касемиро

Поранешните англиски дефанзивци, а сега стручни коментатори Џејми Карагер и Гери Невил зборуваа за Касемиро (32) по натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Да потсетиме, Ливерпул на „Олд Трафорд“ го победи Јунајтед со 0:3 во третото коло од Премиер лигата. Луис Дијаз постигна два гола, во 35. и 42. минута, додека третиот Мохамед Салах во 56. минута.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Искусниот играч за врска Касемиро погреши на својата половина при двата гола на Дијаз.

Бразилецот најпрво направи погрешно додавање, право во нозете на Рајан Гравенберх, по што следеше контра од која Колумбиецот погоди со глава. Седум минути подоцна Дијаз му ја одзеде топката на невнимателниот Касемиро, Салах со додавање повторно го пронајде Дијаз во средината, кој клинички прецизно погоди за 2:0.

„Морам да кажам дека изгуби малку самодоверба, тоа може да му се случи на некој кој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид“, рече Невил, кој целата своја играчка кариера ја помина во клубот од Манчестер.

„Тој имаше толку голема кариера, освои се што треба да се освои. Тажно е да се види низ што минува“, додаде Карагер, легендата која целата своја кариера ја помина во Ливерпул.

Карагер во контекст на втората грешка на Касемиро изјави и дека „секогаш може да се случи лошо додавање“. Но, тој додаде дека Бразилецот изгледал „скршено“ кога паднал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ВИДЕО Погледнете го киксот на голманот на Џирона за гол на ПСЖ во 90 минута

ПСЖ доминираше против новајлијата во елитното друштво Џирона на отворањето на Лигата на ша…