За жал одбојкарите и покрај големиот триумф над Словенија не успеаа да се пласираат во осминафиналето на Европското првенство.
Резултат од натпреварот помеѓу Финска и Турција не заврши во прилог, Финците победија со 3:2 и тие се пласираа во следната фаза, а ние го завршивме турнирот во групната фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа за нас беше успех самиот пласман на ова Европско првенство затоа што бевме дебитанти и не можеме да кажеме дека нашите одбојкари разочараа. Во првите натпревари можеби поради неискуството на еден ваков голем турнир правевме грешки, но во последните две средби го покажавме вистинското лице, за наша несреќа тоа не беше доволно.
На крајот ова е едно големо искуство кое сигурно ќе значи за во иднина, токму таква порака испрати капитенот Никола Ѓорѓиев кој одигра одличен турнир. Ѓорѓиев само во последните два меча со Белорусија и Словенија постигна 61 поен.
„Благодариме луѓе, благодариме Македонија. Дојдовме, видовме научивме. До следното лето“, гласи пораката на Ѓорѓиев на социјалните мрежи.
БЛАГОДАРИМЕ ЛУЃЕ ❤️ БЛАГОДАРИМЕ МАКЕДОНИЈА ?? ДОЈДОВМЕ,ВИДОВМЕ,НАУЧИВМЕ ?
— Nikola Gjorgiev (@KingNiko7) September 19, 2019
До следното лето ????❤️ #MerciChristian pic.twitter.com/RwpOxBrwZu