Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан застана во одбрана на тренерот!

Капитенот на Милан застана во одбрана на тренерот!

Милан го има еден од најлошите стартови во својатан историја и синоќа го запиша четвртиот пораз после само шест одиграни кола.

Тоа на „росонерите“ им се случило само еднаш и тоа во далечната 1938 година, па ситуацијата на „Сан Сиро“ е алармантна.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Синоќа после дебаклот против Фиорентина навивачите почнаа да протестираат, па се очекуваше дека раководството ќе му врачи отказ на тренерот Џанмпаоло.

Меѓутоа, раководството му даде доверба на тренерот, а и капитенот Алесио Ромањоли јавно испрати поддршка до Џампаоло.

„Во вакви моменти нема што да се каже. Единствено треба да продолжиме да бидеме сплотени како колектив и заедно да ги решиме проблемите. Јасно е дека треба да ги подобриме резултатите, но и играта. Сите цврсто стоиме зад тренерот Џампаоло“, истакна Ромањоли.

Милан во сабота и гостува на Џенова и доколку не ги освои трите бода, тогаш готово сигурно Џампаоло ќе добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ само што дојде во Милан и веднаш може да обезбеди засилување од Реал Мадрид?!

Милан поактивно реагира на летниот трансфер пазар. Долго време бараат класичен напаѓач, а …