Дома Фудбал Репрезентации Капело: Не смееме да мислиме дека Македонија може да не запре, во финалето ќе биде нашиот вистински ривал

Капело: Не смееме да мислиме дека Македонија може да не запре, во финалето ќе биде нашиот вистински ривал

Бројни големи имиња на италијанскиот фудбал го најавија баражот помеѓу Италија и Македонија, а сега во низата се приклучи и Фабио Капело.

Големиот стратег смета дека неговата Италија утре во Палермо мора да биде селекцијата која ќе се радува.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Дали Македонија може да ни направи проблеми? Ајде подобро да кажеме дека Македонија мора да се победи. Ние мораме да победиме во тој натпревар. Верувам дека ќе ја победиме Македонија ако ја покажеме желбата и скромноста која не красеше од почетокто до крајот на Европското првенство. Македонците се добар тим и секоја чест за нив, но не смееме да мислиме дека тие можат да не спречат да одиме на СП. Едноставно немаме право на грешка во овој натпревар. Вистинскиот наш ривал ќе биде во финалето од баражот во селекциите на Португалија и Турција“, изјави Капело.

Италија и Македонија баражот за пласман на СП го играат утре, а победникот на 29. овој месец ќе игра за пласман на Мундијалот во Катар против подобриот од баражот Португалија – Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…