Дома Македонски спорт Канатларовски: На овој тренинг камп ќе видиме со што располагаме, се надевам ќе ја оствариме целта

Канатларовски: На овој тренинг камп ќе видиме со што располагаме, се надевам ќе ја оствариме целта

Селекцијата на Македонија до 21 година ќе одигра два контролни натпревари во Косово, а селекторот Канатларовски на овие два меча ќе тестира играчи од генерацијата 2002/2003.

Канатларовски го објави списокот на повикани фудбалери (тука) и изјави дека во суштина ова е селекција до 20 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари да им дадеме шанса на фудбалерите од генерацијата 2002/2003 (генерација која ќе ги игра натпреварите во нашите следни квалификации за ЕП) да го покажат својот потенцијал и да не уверат дека имаат квалитет за настап во селекцијата до 21 година. Во суштина, ова е селекција до 20 години, многу значајна за нас бидејќи досега постојано се соочуваме со проблем откако една генерација ќе ја надмине возрасната граница. Тренинг кампот, секако ќе биде од корист за нас, да видиме со што располагаме и се надевам дека сите ќе бидеме на посакувано ниво и ќе ја оствариме целта. Најбитно за нас е да потврдиме дека во оваа група на фудбалери има квалитет и може да биде цврста основа за следните квалификациски предизвици“, изјави Канатларовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…