Дома Македонски спорт Тренинг камп У21 во Косово: Цапар ќе скенира 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003

Тренинг камп У21 во Косово: Цапар ќе скенира 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16. и 18. декември во Скопје. 

Првично, беа закажани два натпревари против Црна Гора, но гостинската репрезентација го откажа доаѓањето во Скопје.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За двете пресметки против Косово, селекторот Канатларовски ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Беласица), Александар Анѓелкоски (Гостивар);

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаку (Гронинген, Холандија), Кристијан Тасевски (Аузбург, Германија), Уран Незировски (Хартберг, Австрија), Горазд Стојменов (Словачко, Чешка), Имран Фетаи (Гостивар), Виктор Крстевски (Пелистер), Андреј Стојчески (Академија Пандев), Решат Рамадани (Шкендија);

Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Кристијан Георгиевски (МТК, Унгарија), Лука Станковски (Работнички), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Леонит Игњатов (Скопје), Ване Крстевски (Академија Пандев);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Кристијан Малески (Струга Трим Љум), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска); 

Драги Канатларовски – селектор на македонската репрезентација до 21 година:

„Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари да им дадеме шанса на фудбалерите од генерацијата 2002/2003 (генерација која ќе ги игра натпреварите во нашите следни квалификации за ЕП) да го покажат својот потенцијал и да не уверат дека имаат квалитет за настап во селекцијата до 21 година. Во суштина, ова е селекција до 20 години, многу значајна за нас бидејќи досега постојано се соочуваме со проблем откако една генерација ќе ја надмине возрасната граница. Тренинг кампот, секако ќе биде од корист за нас, да видиме со што располагаме и се надевам дека сите ќе бидеме на посакувано ниво и ќе ја оствариме целта. Најбитно за нас е да потврдиме дека во оваа група на фудбалери има квалитет и може да биде цврста основа за следните квалификациски предизвици“.

Натпреварите против Косово на 16. и 18. декември се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбале…