Дома Македонски спорт Канатларовски: Не очекуваат два многу важни натпревари, ме радува што ги имам сите фудбалери

Канатларовски: Не очекуваат два многу важни натпревари, ме радува што ги имам сите фудбалери

Репрезентацијата на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не очекуваат два натпревари кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски. 

Првиот меч го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одличена репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме.

Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија. 

На списокот беа повикани и фудбалерите Дашмир Елези од Шкендија и Стефан Тасев од Македонија Ѓ.П., но по консултации со селекторот Неџат Шабани, решивме дека во овој период двајцата может да дадат многу поголем придонес во националниот тим до 19 години на силниот турнир што ги очекува во Португалија”. 

Нашата репрезентација до 21 година во шесте одиграни квалификациски натпревари од групата Х има освоено 6 бодови.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…