Дома Фудбал Италија Канаваро: Од цела Серија А само Лаутаро може да игра во Реал или Сити

Канаваро: Од цела Серија А само Лаутаро може да игра во Реал или Сити

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Фабио Канаваро зборуваше за слабиот квалитет кој во моментов го има Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако во Италија има силни тимови, сепак Канаваро смета дека нема доволно големи ѕвезди и дека во моментов само еден фудбалер може да игра во најдобрите тимови, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Не можете да го доведете во прашање името на Лаутаро на списокот. Ја освои Серија А и Копа Америка. Прави разлика дури и во репрезентацијата. Никогаш нема да ве изневери. Кога ќе помислам на играчи од Серија А кои би можеле да играат за Манчестер Сити и Реал, мислам дека тој е единствениот“, изјави поранешниот освојувач на „Златна топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ново засилување на повидок: Алонсо носи еден од своите ученици во Челси

Летната реконструкција на Челси под водство на Чаби Алонсо почнува да добива облик, а едно…