Дома Фудбал Останато Како ќе изгледа новата Суперлига?

Како ќе изгледа новата Суперлига?

12 европски клубови вчера предизвикаа земјотрес во европскиот фудбал објавувајќи дека се формира приватна Суперлига отцепувајќи се од Лигата на шампионите и ова се случи само на ден пред состанокот на УЕФА на кој треба да се промовираат промените во ЛШ.

Клубовите кои се отцепија како образложение го наведоа квалитетот и подобрување на интезитетот на европскиот фудбал. Објавено е дека планот во новата лига е да има 15 постојани членки и пет кои ќе го заслужуваат настапот со настапите во текот на годината. Екипите ќе бидат поделени во две дивизии, нешто слично како кошаркарската НБА. Во двете групи ќе има по 10 тима и ќе играат од почетокот на август во лигашки систем дома-гости со вкупно 19 натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрите три ќе обезбедат место во четвртфиналето, а четвртите и петите ќе играат бараж за последните две места меѓу најдобрите осум каде што со елиминациска фаза ќе се стигнува до шампионот.

Екипите нема да ги напуштат домашните првенства туку ќе ја расформираат ЛШ и ќе си играат во приватна лига во која ќе имаат многу поголеми приходи.

Зад целиот проект стои корпоративната инвестицка компанија, „Џи-Пи Морган“ која ќе инвестира шест милијарди евра за да започне лигата. Секој клуб за учеството ќе добие 350 милиони евра.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…