Тимот на Милан веќе подолг период е под истрага на УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј во период од 2014 до 2017 година.
Правилата на ФФП се јасни – клубот може да потроши само толку колку што ќе заработи, а во овој период Милан, потрошил повеќе од неговата заработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема причина за оваа казна на Милан се крајно сомнителните сопственции од Кина кои за среќа на италијанскиот клуб си заминаа ова лето откако го изгубија клубот. Кинезите не успеаа да го вратат долгот кон фондот „Елиот“, па сега Милан е во рацете на оваа компанија која засега одлично работи.
УЕФА истражува, а новото раководство на Милан се обидува да пронајде начин да избегне казна. На Милан му се закануваше исфрлување од европските натпреварувања, но според последните информации клубот ќе добие само парична казна.
„Росонерите“ нема да добијат забрана за трансфери, ниту пак ќе бидат исфрлени од Европа, но ќе мора да платат сума помеѓу пет и седум милиони евра.