Дома Фудбал Останато Кавани: После пресвртот на Барселона одев на психотерапија

Кавани: После пресвртот на Барселона одев на психотерапија

Единсон Кавани призна дека имал сериозно психички проблеми по фамозниот пресврт на Барселона против ПСЖ во 2017 година.

ПСЖ победи со 4:0 на домашен терен во првиот меч од осминафиналето, но на „Камп Ноу“ доживеаа историски пораз од 6:1 и беа елиминирани од ЛШ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Првиот пат кога бев на психијатар е по пресвртот на Барселона против ПСЖ. Тоа многу влијаеше на мене, за пет минути се сврте се што направивме претходно. Имав симптоми на нервоза и студена пот. Пред легнување ми се вртеше во главата и ми беше страв да заспијам. Се прашував дали имам проблеми во главата“, призна Кавани.

„Иако станува збор само за фудбал, тоа се пренесува и на приватниот живот и на фудбалерот како личност. Тоа беше до толку силен удар за мене, што не можев да ги контролирам емоциите и морав да побарам помош“, додаде Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…