Дома Македонски спорт Мак фудбал И Штип ќе добие стадион на кој Македонија ќе може да биде домаќин! 🎥

И Штип ќе добие стадион на кој Македонија ќе може да биде домаќин! 🎥

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претставува идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Новиот стадион нѐ само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.

Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА. 

Ќе потсетиме, од Беласица пред неколку дена најавија проект за изградба на стадионот „Благој Истатов“ кој би имал капацитетот од 8.000 седишта. (За овој проект повеќе тука).

Фото и видео: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

АДСДП демантира: Головите беа регуларни – биле сменети само поради Мурињо!

По завршувањето на натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем, главна тема во медиумите, не са…