Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг.
Градоначалникот Иван Јорданов на својот Фејсбук профил објави дека е планирано до крајот на годината работата да биде завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Денес започнуваме со внатрешно уредување и изведба на нова пристапна улица и нов влез со дополнителни паркинг места,а според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона очекуваме да биде завршена западната трибина.
Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња“, стои во објавата на Јорданов.