Дома Фудбал Останато И тоа е можно: Тухел не е задоволен со тимот!

И тоа е можно: Тухел не е задоволен со тимот!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа поразени со 3:1 од Баерн Минхен на Интернационалниот куп на шампионите во САД.

„Светците“ на турнејата се без своите најголеми ѕвезди, па Тухел буквално игра со деца од академијата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Германецот уште извесен период нема да го има на располагање комплетниот состав, бидејќи Нејмар, Кавани и Килијан Мбапе, по настапот за нивните репрезентации на Светското првенство во Русија, сега се на одмор.

„Имаме исклучително силен напад со Нејмар, Кавани и Мбапе, па затоа и се радувам на идната соработка со нив. Но, ќе мора да почекаме уште малку, бидејќи доста играа на Светското првенство. За жал тие ќе доцнат, а првенството ќе почне рано. Секако дека не сум среќен поради тоа“, истакна Тухел.

Француското првенство ќе започне на 12-ти август, а споменатите фудбалери ќе му се приклучат на тимот на 1-ви август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Беше најголем талент на Манчестер Јунајтед, а сега ќе игра во третата лига во ОАЕ

Равел Морисон во својата младост важеше за еден од најголемите таленти на англискиот фудба…