Дома Актуелно И Полска остана без селектор по Мундијалот

И Полска остана без селектор по Мундијалот

Репрезентацијата на Полска играше во осминафиналето на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, но тоа не беше доволно нивниот селектор Чеслав Михњевич да ја задржи работата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека на 52-годишниот Мичњевиќ, чиј договор истекува на крајот на годината, нема да му биде продолжена соработката.

На Светското првенство во Катар, Полјаците беа во групата Ц заедно со светските шампиони Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија и стигнаа до нокаут фазата како второпласирани.

Во осминафиналето беа поразени со 3:1 од Франција, која се пласираше во финалето.

Михневич на полската клупа мина 11 месеци, откако во јануари годинава го наследи Португалецот Пауло Соуза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро би можел официјално да ја заврши …