Дома Трансфер зона И официјално: Капитенот на Гана ново засилување за Нотингем!

И официјално: Капитенот на Гана ново засилување за Нотингем!

Како и што се најавуваше (ТУКА) претходно капитенот на Гана Андре Ајев е ново засилување на Нотингем Форест.

Ајев е 30. засилување за „шумарите“ оваа сезона многу веројатно станува збор за рекорд кога се трансферите во една сезона во прашање.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако предниот рок е затворен Нотингем можеше да го доведе Ајев затоа што беше без клуб, а слободните играчи можат да потпишуваат договори.

„Тренерот Стив Купер ме познава добро и знае како треба да работи со мене на теренот и надвор од него. Имаме навистина силна врска, станува збор за еден посебен тренер“, изјави Ајев.

Со Нотингем Ајев потпиша договор до крајот на сезоната, а со Купер соработуваа во Свонси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…