
Нотингем Форест прави некои неверојатни работи на трансфер пазарот, но изгледа дека тие даваат резултат.




Премиер лигата е најсилната фудбалска лига во светот во овој момент, но никој не очекуваше дека новајлијата Нотингем ќе биде толку активен на трансфер пазарот.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Верувале или не „шумарите“ од почетокот на сезоната доведоа 29 засилувања, а наскоро ќе го доведат 30. иако преодниот рок официјално заврши.




Преодниот рок заврши, но слободните фудбалери можат да потпишуваат договори. Без ангажман е капитенот на репрезентацијата на Гана, Андре Ајев, тој го раскина договорот со Ал Сад од Катар и го привлече интересот на Нотингем.




Англиските медиуми пишуваат дека крилниот фудбалер наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на двократниот шампион на Европа кој во овој момент се наоѓа на 13-тата позиција во шампионатот на Англија.




Најверојатно ќе изборат опстанок ако продолжат вака, но сосема сигурно и ќе го срушат рекордот кога во прашања се трансферите на Островот.